Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот.
Тој се користи за исхрана во текот на целата година.
Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова…
Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот.
Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.
Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:
- бета-каротин
- растителни влакна
- витамин Ц
- витамин А
- витамин Б
- витамин Д
- витамин ПП
- витамин Х
- железо
- глутамин
- калиум
- калциум
- калциум-пектат
- каротеноиди
- ксантофили
- ликопен
- натриум
- пектин
- јаглени хидрати
- фосфор
- цинк
- етерични масла



















