Еве некои работи кои може да ги направите за 15 минути

1691

Имате уште 15 минути додека ви почне состанокот? Чекате на ред во пошта? Пријателите доцнат?

Следен пат кога ќе се најдете во ситуација со малку слободно време, искористете ја можноста така што ќе завршите една или повеќе од овие мали, но продуктивни задачи.

Размислете: ако постојано ја користите ваквата временска рамка правејќи нешто корисно, вашата продуктивност ќе достигне ново ниво.

Ова се 15 нешта кои можете да ги направите за 15 минути

1. Исчистете нешто

Одамна сакавте да го исчистите просторот зад фрижидерот? Местото помеѓу лавабото и ѕидот во тоалетот? Автомобилот? Земете крпа и завршете го тоа. Сигурно повеќе време сте потрошиле размислувајќи кога да го исчистите, отколку што ви е потребно време за да го исчистите. Затоа ова е совршениот момент навистина да го направите тоа.

2. Избришете ги непотребните фотографии од телефонот

Тоа е одличен начин да ја зголемите меморијата на телефонот. Започнете со оние „скриншот” фотографии од минатиот месец или таа сликата од книга која сакате да ја прочитате, но веќе ја најдовте. Искористете ја можноста да избришете непотребни апликации или зависни игри од кои сакате да се откажете.

Продолжува на страна 2