За долг животен век деталите се важни | Како Јапонците го прават тоа

576

Жителите на земјата на изгрејсонцето се на врвот на земјите во кои луѓето имаат најдолг животен век.

Не се пресудни само гените, бидејќи кога се преселуваат на Запад, почесто се разболуваат, исто како и западњаците. Тајната за добро здравје и долг живот е во исхраната.

Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини.

Јодот е суштински минерал за одржување на добро здравје. Како основен градежен материјал на тироидните хормони, тој влијае на повеќето метаболички процеси во телото и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Јодот е важен антибиотик и антивирусно средство. На секои 17 минути крвта рециркулира низ ткивото на тироидната жлезда, каде што, доколку има доволно јод, бактериите и вирусите ќе бидат уништени.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно да се внесува секојдневно.

Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини.

Најдобри извори на јод се алгите и морските риби.