Неверојатни луѓе кои докажале дека и невозможното сепак е возможно

1878

Физичките и менталните способности на човечкото тело во главно се ограничени. Но, психолозите веруваат дека нашиот мозок е оној што ги контролира овие ограничувања.

Луѓето кои успеале да ги надминат ограничувањата се жив доказ дека тие не се ништо повеќе од илузија. Погледнете ги овие вистински приказни за луѓе кои ги надминале границите на човечкото тело.

1. Џош Сандквист станал параолимпиец откако ја изгубил ногата

Џош ја изгубил својата нога кога имал само 10 години поради рак. Се излечил на 13 години, а почнал да тренира скијање 3 години подоцна. По 6 години тренирање тој станал дел од параолимпскиот тим за скијање на Велика Британија. Денес тој држи мотивациони говори и е автор на бестселер.

2. Џорџ Данциг случајно решил математички проблем

Кога Џорџ бил запишан на докторски студии на Универзитетот во Калифорнија, еднаш задоцнил на часот по статистика. Тој видел 2 теореми кои биле запишани на таблата и помислил дека се за домашна работа. Тој успеал да го најде нивниот доказ без да знае дека теоремите всушност се сметале за „нерешливи“. И двете теореми станале дел од неговата докторска дисертација.

3. Џејсон Паџет станал математички гениј по повреда на мозокот

Откако Џејсон бил брутално нападнат надвор од еден бар, не само што добил потрес на мозокот, туку почнал да го гледа светот низ призмата на геометријата. Пред повредата тој продавал покуќнина. По повредата тој се стекнал со способноста да визуализира комплексни математички објекти и физички концепти. Според научниците, Џејсон е пример за редок синдром каде што луѓето добиваат абнормални способности по некоја болест или повреда.

4. Рејнолд Меснер е првиот човек што го искачил Монт Еверест без екстра кислород

Рејнолд држи неколку рекорди. Тој бил првиот човек кој искачил планина од над 8.000 метри без боца со кислород. Тој го искачил Монт Еверест во 1978 година без екстра кислород, подвиг за кој докторите сметале дека е невозможен. Првиот врв го освоил кога имал само 5 години, а бил и првиот човек кој сам се искачил на Монт Еверест. Опасноста од искачување без екстра кислород е тоа што телото е принудено да работи прекувремено. Како резултат се произведуваат повеќе црвени крвни зрнца, крвта тече побавно, а крвните садови се склони кон стеснување.

5. Џур Робик е 5-кратен победник на трка со велосипеди од 4.000 километри

Овој велосипедист од Словенија го држи рекордот за возење 834 километри со велосипед и е познат по неговата екстремна издржливост (спиел само по 1 час навечер за време на трката од 1 недела). Според научниците, тајната за неговата издржливост е тоа што ги игнорирал пораките од мозокот за замор и слушал само совети од неговиот тим за тоа кога да се одмори, кога да јаде и колку брзо да се движи.

6. Херберт Ниш нуркал на длабочина од 253 метри

Австрискиот нуркач Херберт поставил неверојатни 33 рекорди за слободно нуркање. Најневеројатниот е неговото нуркање на длабочина од 253,2 метри. За време на нуркањето, тој привремено заспал поради азотна наркоза и ја испуштил планираната точка за декомпресија. Како резултат, страдал од декомпресиона болест. По неколку години, и покрај сето ова, тој повторно тренира и нурка.

7. Чул Сун се претворил од маж со 56 килограми во „Азиски Арнолд“

Чул Сун имал само 56 килограми на 20-годишна возраст и често се справувал со непочитување бидејќи бил слаб. Пред 12 години решил да направи промена и почнал да прави по 3.000 стомачни на ден. Со правилна исхрана и напорен тренинг тој станал најпознатиот бодибилдер од Кореја.

8. Ренди Гарднер поминал 11 денови без спиење

Во 1964-та година, 17-годишниот Ренди бил буден 11 денови и 25 минути за еден научен проект. За време на овој период биле набљудувани неговите когнитивни, сензорни и физички способности. На последниот ден Гарднер учествувал и на прес-конференција зборувајќи многу течно. Изненадувачки, но не покажал никакви негативни ефекти од овој експеримент.

9. Доктор Кациулис има коефициент на интелигенција од 198

Евангелос Кациулис е грчки психијатар и основач на Светската мрежа за интелигенција, општество за интелигентни луѓе. Просечниот коефициент на интелигенција е 100, а повеќето луѓе се помеѓу 85 и 114. Евангелос освоил неверојатни 198 поени. Тој верува во моќта на човечкиот ум и се надева дека може да ги промовира креативноста и зголемената продуктивност и да го подобри образованието со тоа што ќе ги цени потенцијалите на луѓето.

10. Кончета Антико гледа 100 пати повеќе бои од просечниот човек

Тетрахроматијата е состојба која влијае на развитокот на ретината. Додека нормалниот човек гледа најмногу 1 милион бои, Кончета може да разликува дури 100 милиони. Околу 1% од населението го има ова нарушување. Антико има нејзина галерија во Сан Диего, Калифорнија каде што создава неверојатни слики со многу бои. Сака да развие тренинг систем кој ќе им помогне на сите како неа да го сфатат нивниот вистински потенцијал.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.