Неколку работи коишто не смеете да ги барате од вашиот партнер

79

Вашиот партнер не ви е кукла на конец, што значи дека не треба да се обидувате да го контролирате секој аспект од животот.

Дури и ако дечкото или сопругот е подготвен да умре за вас, ако го побарате тоа од него, тоа не значи дека треба да го правите.

Еве и неколку работи кои е неправедно да ги очекувате или барате од својот омилен:

Да го прекине своето пријателство

Сигурно има и исклучоци од ова правило и сепак не е редно да сакате од партнерот да го прекине своето старо и големо пријателство, само затоа што не ви се допаѓа пријателелот или неговата девојка/сопруга. Ако вашиот омилен има круг од незрели пријатели, со кои сака да излегува и така се намалува бројот на средби со него, сигурно тоа ќе ве лути и онерасположува, но сепак тој самиот би требало да си одлучи со кого да биде пријател.

Да ослаби

Вие треба да го љубите партнерот таков каков е, без разлика како изгледа во моментот. Не е во ред да барате од него да држи диети, да оди на фитнес, да си го смени стилот на облекување или да си ја промени фризурата. Има начин фино да му навестите ако не одобрувате некое од овие нешта поврзани со неговиот изглед, но сепак не треба да сакате од него да се менува тотално за да ви се допадне.

Да престане да гледа порно

За некои жени гледањето порно од мажите претставува еден вид неверство. Но, факт е дека за вашиот омилен секогаш ќе има и други атрактивни жени на светот, дури и да не ви го кажува тоа. И сепак, најдобра опција е да си фантазира за жени од екранот на телевизорот или на компјутерот, отколку да се восхитува на сексапил на вистински жени.

Да поминува помалку време со родителите

Ако партнерот / сопруг има семејство, вие треба да се радувате, а не да го одвојувате од родители, браќата и сестрите. Многу жени прават грешка и се обидуваат да го оддалечат партнерот од неговите најблиски. Тоа е неправедно, бидејќи тој може да побара истото од вас. Вие дали сте подготвена да престанете да се гледате со мајка си?

Да ја напушти својата работа

Ако вашиот партнер е среќен со кариерата и работното место, не е во ред да го молите да се откаже од нив. Дури неговата плата да е ниска или да е премногу зафатен по работно време и за време на викендите, треба да покажете разбирање. Можеби тоа е само фаза од неговиот живот. Не може да барате од него да се откаже од своите соништа за реализација.

Да ви купува скапи предмети, ако нема можност

Не е во ред да барате од дечкото/сопругот да ги троши сите пари за вас и дури да влегува во кредити за да ви угоди. Сепак, скапите предмети не се гаранција за среќа, а недостигот на пари може да доведе до проблеми кај еден пар.

Секаде да оди со вас

Дечкото/ мажот сигурно ве сака, но тоа не значи дека секоја слободна секунда треба да ја поминува со тебе. Секој човек има потреба од лично време и простор. Тој може да сака да се гледа со пријатели од време на време или пак да оди на гости кај блиски без вас и не треба да му се лутите заради тоа.