Ѕвездите откриваат | Кои грешки ги правите во кревет?

1106

Сите имаме свои вештини кога е сексот во прашање, но понекогаш партнерите не ни кажуваат што правиме погрешно за да не ги повредат нашите чувства.

Комуникацијата е важна во секој сегмент од врската, вклучувајќи го и сексот, но ако партнерот не ви кажува каде грешите, можеби ѕвездите ќе ве упатат во вистинска насока како да се усовршите.

Овен

Не им го давате на партнерите признанието што го заслужуваат. Мислите дека секој секс треба да биде опасна авантура, а ако тоа не се случи веднаш го „отпишувате“ како здодевен. Мора да научите да ги цените малите нешта и да ги охрабрувате потезите на партнерите.

Бик

Стрпливи сте, па со вас предиграта може да трае и повеќе од еден час. Но, ретко кој е толку стрплив. Повремено препуштете се на „секс на брзинка“, ќе биде возбудливо и за двајцата.

Близнаци

Мора да престанете да се лажете себе си и партнерот дека сексот за вас е само наивна забава, дури и кога имате длабоки чувства за другиот. Не се плашете од вистината и соголете си ја душата, не само телото.

Рак

Премногу се грижите за чувствата на партнерот. Супер е тоа што сакате да му удоволувате на другиот, но треба да се погрижите и за своето задоволство. Не се плашете да кажете кога нешто не ви се допаѓа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2