Еве зошто во Франција е ограничена продажбата на газираните пијалоци

63

Властите во Франција ја ограничуваат продажбата на засладени пијалоци во рестораните и кафулињата со цел борба против дебелината.

Соодветниот декрет е објавен во официјалното државно издание Journal Officiel. Отсега поставување на апарати за неограничен пристап до засладени пијалоци или понудата на такви бесплатно во Франција е забранет.

Експертите истакнуваат дека оваа новина ќе влијае главно на синџирите на ресторани за брза храна, каде по американски манир дејствува правилото дека при исплата на една чаша газиран пијалок може да дотурате колку што сакате бесплатно.

Официјално целта на новиот закон е “намалување, особено меѓу младите луѓе, на ризикот од дебелина и дијабетес”, што е според препораките на Светската здравствена организација.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.