Полицистичните јајници кај мајките го зголемуваат ризикот од аутизам кај децата

93

Децата родени од мајки со хормонална нерамнотежа, имаат поголем ризик од развивање на аутизам, покажува истражувањето на шведскиот Каролински институт.

Податоците го поврзуваат синдромот на полицистични јајници со растројство од аутистичниот спектар кај деца.

“Ние откривме дека дијагноза на мајката со синдром на полицистични јајници го зголемува ризикот од пореметување од аутистичниот спектар кај децата со 59%”, соопшти Кириаки Косиду, водечки истражувач во одделот за истражување на јавното здравје во шведскиот институт.

Се уште не е сосема јасно што точно предизвикува оваа зависност, но според истражувањето изложување на одреден полов хормон во раните фази на животот влијае врз развојот на аутизмот. Мајките со полицистични јајници кои произведуваат дополнително количество андрогин, можат да влијаат на развојот на болеста.

“Ризикот се зголемува дополнително кај мајки со синдром на полицистични јајници и прекумерна тежина”, рече уште Косиду. Според статистичките податоци помеѓу 5% и 15% од жените во репродуктивен период страдаат од синдромот. Истражувањето на шведскиот Каролински институт ги опфаќа сите деца родени во Шведска од 1984 година до 2007 година.

За овој период тие идентификувале речиси 24 000 случаи на деца со растројства од аутистичниот спектар. Овие нарушувања се речиси четири пати повеќе вообичаени кај момчињата отколку кај момчињата, но за сега во истражувањето не се забележува зависност од полот на децата.