Не постои машки и женски мозок

117

Науката досега нè учеше дека постои машки и женски мозок, а од таму произлегуваат и теориите дека мажите полесно се справуваат со некои нешта, а жените може да вршат повеќе работи истовремено.

Првото истражување на половите разлики направено врз површината на целиот човечки мозок покажува дека не постои машки и женски мозок. Научниците од израелскиот универзитет утврдиле дека мозоците на повеќето луѓе ги имаат карактеристиките на двата пола.

Професор Дафне Џоел од израелскиот универзитет во Тел Авив, заедно со својот тим ја тестирала старата теорија на 1.400 луѓе на возраст меѓу 13 и 85 години. Нивните мозоци биле скенирани и потоа била забележана нивната активност. Утврдено е дека има 29 мозочни области, кои се разликуваат во зависност од тоа дали лицето е машко или женско.

“Едвај 8 отсто луѓето имаат мозок кој ги содржи особеностите на одреден пол. Мозокот на повеќето луѓе е мешавина од женски и машки карактеристики и тоа потврдува дека не постои машки и женски мозок”, објаснува Џоел. „Доста долго време се раководиме од теоријата која го дефинира мозокот за женски и машки. Оваа теорија се базира врз премисата дека мозокот почнува да се развива, откако ќе се развие фетусот. Тогаш мозокот се развива во зависност од половите хормони“, прецизира таа. “Ова докажува дека не треба да ги делиме луѓето, бидејќи истражувањето покажува дека никој не е само маж или само жена”, вели во заклучокот Дафне Џоел.