Научниците предвидуваат кошмарна блиска иднина

206

10 милиони луѓе ќе умираат годишно по 2050 година!

Фармерите драстично да ја намалат употребата на антибиотици. Повикот беше упатен од светски научници по меѓународна конференција во Кина, на која беше разговарано за прекумерната употреба на антибиотици во земјоделството и сточарството.

Посебно внимание беше посветено на негативните ефекти на оваа употреба.Причината е дека некои инфекции веќе се речиси невозможни за лекување, поради премногу распространетата употреба на антибиотици, објави ББС.

Повеќе од половина од антибиотиците кои се користат во светот, се даваат на животните, за да иа оддржуваат тежината. Научниците предупредуваат дека светот се наоѓа на работ на “пост-антибиотска” ера, откако неодамна беше откриена бактерија која е резистентна на антибиотици.

Изгледа дека таа се развива во животните, пред да се појави и кај луѓето. Се очекува светската потрошувачка на антибиотици да се зголеми за 67% до 2030 година, ако сегашните вредности не бидат променети. До 2050 година 10 милиони луѓе ќе умираат годишно од инфекции предизвикани од инфекции, резистентни на терапија.

Еден од научниците кои повикуваа кон коректна употреба на антибиотици, е економистот Џим О’Нил. Според него една од најпознатите разумни стратегии за избегнување на проблемот е да се намали употребата на антибиотици во земјоделството. Тој препорачува по 50 мг препарати на секој килограм животинско месо.

Овие нивоа веќе се достигнати од Данска – еден од најголемите извозници на свинско во светот.