5 пронајдоци од пред векови, кои се непроменети до денес

1295

Со развојот на науката и технологијата се појавуваат нови пронајдоци, а веќе постоечките постојано се менуваат, подобруваат и усовршуваат. Но, некои измислени предмети, колку и да звучи чудно, си остануваат исти и со истата намена.

Дали затоа што се создадени доволно добри од првиот пат или едноставно не се наметнуваат подобрувања, но факт е дека некои секојдневни предмети не биле подложени на подобрувања во последните сто години. Или настанатите промени вез нив се чисто козметички и не ја менуваат нивната намена.

Видете кои предмети не биле подложни на промена во последните сто години:

Весници

Во ерата на интернетот и дигиталната технологија, ние се уште ги користиме весниците, а тие не се променети од XVII век. Се користи претежно рециклирана хартија, што е добра вест.

Бодликава жица

Патентот за бодликава жица му припаѓа на Џозеф Ф. Глиден и е од 1874 година, иако за пронаоѓач се смета Луси Смит, кој ја направила својата верзија во 1867 година. Жицата е евтина и сигурна опција за ограда, и колку и едноставно да изгледа, не е потребно да се прават последователни подобрувања.

Чадор

Чадори се користат со векови во Египет, Кина, Асирија и Грција. Првично како заштита од сонце, а во Кина за првпат ги прават и водоотпорни. Чадорите стануваат популарни во Европа во XVI век. Низ вековите се менуваат материјалите за изработка на чадори, но генерално може да се каже дека чадорот си е истиот од кога е измислен.

Патент

Благодарение на Уиткомб Л. Деждсун од Чикаго, денес ги имаме патентите. Тој е првиот кој во 1893 година го претставил и произвел патент. Повеќето луѓе дури и не размислуваат колку време штедат патентите, ако наместо нив се користеа копчиња. Очигледно производот е генијално измислен, бидејќи не е подобрен, иако ако треба да се замени одзема некое време.

Спојувалка

Првиот официјален патент за спајалици во САД му припаѓа на Семјуел Б. Феј и е од 1867 година. Многу други пронаоѓачи исто така полагаат право за авторство, но не е категорично јасно кој точно е таткото на спојувалка. Овој предмет масовно се употребува секој ден во милиони канцеларии, и не бил заменуван досега. Се разбира, се користат нови материјали, но генерално спајалиците се со ист вид и намена, како и пред 150 години.