Лав
Вие уживате кога му причинувате задоволство на другиот и немате проблем со тоа да ја водите играта и да ја завршите целата акција. Одвреме навреме, оставете го „главниот збор“ на другиот – обидете се да ја препуштите контролата и да бидете примателот на уживањето, сигурно ќе ви се допадне.
Девица
Вие баш и не сакате да пробувате нови нешта. За вас, креветот е единственото место за секс и имате две пози и три потези што ги вртите во круг. Не мора да глумите егзибиционизам, но обидете се барем да се опуштите во друга просторија во станот, да пробате нова поза, секси долна облека, нешто ново…
Вага
Премногу се преиспитувате. Одлично изгледате и облечени и голи и вашиот партнер го дели истото мислење. Заборавете на своите несигурности и препуштете се на уживањето. Ако ви е потребно охрабрување, не се срамете да го побарате.
Скорпија
Внимавајте што зборувате за време на секс бидејќи понекогаш правите да им биде непријатно на другите. Она што за вас е секси, за некого можеби е навредливо. Ако сакате поавантуристички секс, внимателно одбирајте ги партнерите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3


















