Генетиката игра важна улога во појавата на губење на косата, но не помалку важно е правилната и урамнотежена исхрана, што ќе ве зашти од губење на косата.
Истражувањата покажуват дека 20% од мажите почнуваат да ќелават уште додека се на 20 години. Многу често причината е наследна, но експертите составија листа со храна којашто може да ни помогне да се намали опаѓањето на косата.
Косата како секој друг дел од човековото тело има потреба од корисни хранливи материи за да биде здрава. На прво место се омега -3 масните киселини, кои најголеми ги има во оревите и во лососот. Не ги игнорирајте и другите видови риба и зелката, бидејќи масните киселини го хранат скалпот и се грижат за еластичноста на косата.
За стимулирање на растот и обновување на косата изберете цинк. Тој го контролира хормонот тестостерон во организмот и помага за регулирање на секрецијата на себум во скалпот. Цинкот можете да најдете во пченицата, остриги, говедско, телешко, црниот дроб и др.
Против опаѓање на косата помага и Протеинската диета од јајца, кикирики, грав, грашок, леќа, пилешко и мисиркино. За зајакнување на циркулацијата и намалување на губење на косата помага и железото. Научниците откриле, исто така, дека недостатокот на магнезиум во организмот е поврзан со губење на косата. За да се обезбеди потребниот магнезиум, јадете бадеми, спанаќ, ореви, леќа, ориз.