Емоционална злоупотреба | Ова се 14 знаци кои укажуваат на тоа дека треба да избегате

1810

3. Одеднаш ви треба “заштита”

Ако одлучите да излезете без партнерот, тој ќе инсистира да му кажете кога ќе се вратите или ќе сака да ве врати дома. Следниот пат, од вас ќе побара да ги фотографирате луѓето со кои сте излегле и местото каде се наоѓате.

Се разбира, тој ќе се обиде да ве убеди дека сето тоа го прави за да ве заштити, да не биде вознемирен и да се прашува каде сте и со кого сте. Сепак, нешто лошо секогаш може да се случи.

4. Големи гестови

Кога злоставувачот знае дека преминал секоја мерка, а вие ќе почнете да ја преиспитувате целата ваша врска, подгответе се за голем гест – скапа вечера, изненадувачко викенд патување, неочекуван подарок или букет цвеќе.

Изворниот проблем останува нерешен или не е признаен – одличен гест купува тишина, но не треба да инсистирате на разговор, пишува Daily Mail.

5. Партнерот ве замајува

Сè почесто имате чувство дека нешто не е како што треба да биде – вашиот партнер сè повеќе е во спротивност со себе и се поправа па така ве уверува дека она што тој го рекол пред еден ден или два дена не е точно или се сомневате дека не ја знаете целата приказна за неодамнешната нивна врска или зошто ја напуштил последната работа.

Насилникот, исто така, ќе ве убедува дека нешто не се случило или дека некој нешто не кажал, на што јасно се сеќавате. Но, тој е толку убедлив што почнувате да се преиспитувате и да се сомневате во сопственото сеќавање и менталното здравје. Ова е валкана форма на манипулација осмислена да престанете да си верувате сами на себе.

Продолжува на страна 3