Посакуваниот сооднос на дневното внесување на алкални и кисели намирници, во процент изнесува 75%  25%

1562

Рамнотежата на киселини и бази во телото и постојаната контрола на нивната соодветна рамнотежа е многу важна за здравјето, но за овој однос многу малку се води грижа.

Заради конзумирање храна полна со адитиви, конзерванси и вештачки бои организмот е често во алармантна состојба на киселост, а со тоа е и изложен на ризикот од развој на разни болести.

Како можете да знаете дека во организмот е нарушена рамнотежата на киселост (acidniot) и алкалност (алкалниот) и како повторно да го вратиме балансот, објаснува Јадранка Бобан – Пејиќ, директорката на Biovega врвен познавач на здрава исхрана.

Организмот тежнее кон баланс

– За среќа, тоа може да биде многу едноставно и не бара комплицирани биохемиски анализи. Неопходно е да се следат малите знаци кои нашето тело нѝ ги праќа поради што треба да се менува внесот на храна и начин на живот, со цел да се задржи важната рамнотежа на киселоста и алкалноста. Нашето тело природно бара рамнотежа на киселост и алкалност, па секогаш нѝ испраќа сигнали во форма на желбата за одредена храна ако нешто нѝ недостасува – вели Јадранка Бобан – Пејиќ .

За здравјето е многу важно pH кој означува мерка на киселоста и алкалноста да се избалансирани. Нашето тело има способност за саморегулација која настојува да одржи константна концентрација на блага алкалност во крвта на pH 7,4. Скалата на pH се мери 0-14, при што pH вредноста е 7.0 за неутралноста.

Последиците од зголемена киселост

Избалансиран pH му овозможува на организмот нормално да функционира и да е во состојба да се бори против разни болести. Инаку, состојба на прекумерна киселост може да предизвика здравствени и дигестивни проблеми, воспаление на слузницата на желудникот, главоболки, остеопороза, грип, осип на кожата и други болести. Речиси и да нема орган на кој не му се заканува оштетување поради киселоста. Постои закана од оштетување на срцето и крвните садови, ослабување на имунолошкиот систем, може да доведе до дијабетес, проблеми со бешика и бубрезите. Заморот и несоницата, исто така, заеднички се резултат на зголемената киселост во телото. Во зависност од тоа дали расте киселоста само локално или во целиот организам, телото реагира со што предизвикува болка, многу често силни болки.

Лепливо-кисел вкус во устата

Најчеста причина за зголемената киселост на организмот е веќе спомнатата неурамнотежената исхрана која содржи премногу месо, рафинирани производи, бел шеќер, млеко и млечни производи, пиење прекумерно количество на газирани пијалаци, алкохол. На прекумерната киселост може да влијае и недостаток на физичка активност и стресот.

– Проблемот е во тоа што на организмот е многу полесно да стане премногу кисел отколку премногу алкален. Намирниците со кои сме наклонети да претеруваме, како што се бонбоните, газираните пијалоци, производи од брашно, масла, масти, месо и месни производи резултираат со кисела состојба на организмот. Кога ќе станеме “премногу кисели” во устата имаме леплив – кисел вкус. Со цел да се ослободиме од него, речиси автоматски пиеме сок од портокал кој има алкален ефект. Киселиот вкус во устата треба да биде нашиот аларм дека телото станува премногу кисело. Ако оваа состојба не ја подобриме со јадење и со дишење во комбинација со вежбање, премногу киселост во организмот ќе резултира со повлекување на минералите од нашето тело и на тој начин ќе се создаде сериозен недостиг и деминерализација. Губење на важни минерали во почетокот се манифестира со нервоза и емоционална нерамнотежа, потоа се јавува проблем со забите и ноктите и конечно и сериозно слабеење на организмот – вели Бобан – Пејиќ.

Продолжува на страна 2