Посакуваниот сооднос на дневното внесување на алкални и кисели намирници, во процент изнесува 75%  25%

1839

Тортите се кисели

Од друга страна, премногу алкална состојба на организмот може да се случи во случај на хипервентилација и продолженото повраќање. Ако се консумираат големи количини на овошје и зеленчук ,а без притоа нивниот внес да се балансира со внес на жита или мешунките,исто така, може да се случи привремено премногу алкална реакција. Сепак, оваа состојба се уредува со вродената мудрост на телото, која ја праќа потребата за колачињата, кои се кисели.

– Тајната е во комбинациите. Никој не треба да биде екстремен и да се фокусира на јадење само на еден вид храна. На пример, ако јадете интегрални житарки, многу е важно со нив да јадете зеленчук и мала количина на алги. Оброците не може, исто така, да се базираат на овошје и зеленчук (алкална фактори), туку треба да се приклучат житарки или производи од житарки. Ако јадете месо, исклучително е важно со него да јадете многу салати и овошје, а со тестенините добро одат сосови од варени домати со лук, тиквички и друг зеленчук. Ако јадете само свежо овошје и зеленчук кои имаат алкален ефект, потребно е да се консумираат јаткасти плодови и концентрирани засладувачи – вели Бобан – Пејиќ.

Алкално влијание на овошјето и зеленчукот

Соодносот за здрави луѓе за да се избегне болната состојба, треба да се состои од 75 проценти алкална храна и 25 проценти кисела во текот на денот. Затоа е многу важно да се запознаеме со намирниците и со менување на исхраната помогнете му на вашето тело за да воспостави кисело -алкална рамнотежа.

На пример, намирниците кои се со кисел вкус, како лимонот или грејпфрутот, имаат алкален ефект врз нашиот организам – објаснува Јадранка Бобан – Пејиќ – бидејќи при нивното распаѓање во метаболизмот произведуваат алкални остатоци: органски киселини кои ги забележуваат нашите рецептори за вкус, се раствораат и претвораат во јаглерод диоксид и вода, додека минералите служат за неутрализирање на киселината во телото. Повеќето овошја и зеленчуци и алгите имаат алкално делување врз организмот. Шеќерот, повеќето производи од животинско потекло, некои жита и разни видови на брашно се со кисело делување врз нашиот организам.

Алкални намирници

  • Високо алкални: целер, кељ, датули, смокви, билни чаеви, агар- агар, диња, лубеница, грејпфрут, лимон, вар, манго, зеленчукови сокови, папаја, магдонос, алги, грозје, поточарка.
  • Умерено алкални: свежи овошни сокови, билни чаеви, авокадо, бадеми, блитва, праски, брокула, цвекло, цикорија, лук, чили пиперка, ѓумбир, јаболков оцет, јаболко, јагода, краставица, круша, зелка, ленено масло, црвен кромид, мандарина, кајсија, минерална вода, морска сол, портокали, нектарини, пиперки, пашканат, полен, домат, рикола, салата, разни семиња, спанаќ, цреши, грав, свеж грашок, пиперки, ананас, компири со лушпа, тиква, ротквица, малини, шитаке печурки, јагоди, тикви, слатки компири, свежа пченка, репа.
  • благо алкална: артишок, карфиол, печурки, јајца, костен, кокос, келераба, маслини, бадемово млеко, моркови, модар патлиџан, праз, бриселско зелје, цвекло, ротквици, тиквички , краставици, козјо млеко, мед, тофу, соино млеко, зачини, никнато жито, tamari, tempeh, оризов оцет, кафеав ориз.

Кисели намирници

  • Исклучително кисели: чај, чоколадо, џем, безалкохолни пијалаци, печурки (суви), изнутрици, јачмен, сладок јогурт, кафе, бисквити, кикирики, квасец, лекови, путер од кикирики, мед, месо, бел оцет, ореви, пиво, пржена храна, пченица, бело пченично брашно, сенф, кравјо сирење, козјо сирење, сладолед, готварска сол, суво овошје, шеќер, макарони, вештачки засладувачи, вино, овошни сокови со шеќер, алкохол, закиселен зеленчук.
  • Умерено кисели: брусница, фруктоза, кечап, пченичен леб, меласа, јаворов сируп (непреработен), горушица, интегрално лиснато тесто, сливи, пуканки (солени/со путер), излупени компири, суви сливи, басмати и кафеав ориз, чај, пченичен леб.
  • малку кисела: јајца, грав во форма на бубрег, семки од тиква, сусам , јачмен, јачменов слад , дивеч, хељда, индиски оревчиња, јогурт, леќа, морско оревче, ф’стаци, пуканки, крекери, ориз, крекери од пченица, оризово млеко, соја сирење, наут, бадемово масло, масло од пченка, сусамово масло, сончогледово масло

Неутрални намирници

Тоа се кремот, кравјото млеко, јогуртот, сурутката, несолениот путер.