Вештачката новогодишна елка штетна за здравјето

1822

Пластичната елка која ја внесувате во вашите домови со цел да внесете новогоришна еуфорија и празнично расположение , може да ви донесе и пакет негативни последици по вашето здравје.

Имено, лекарите предупредуваат дека ПВЦ смесата од која е направена елката можеби е огноотпорна, но во неа може да се најдат метали како олово, калај и бариум.

Иако најголем дел од луѓето кои донесуваат одлука да стават вештачка елка во домовите тоа го прават од причина да се заштитат од алергии и да скратат на трошоци, но и на секојдневно чистење кое го предизвикува природната елка, сепак лекарите препорачуваат да го избегнуваат овој избор бидејќи може да содржи и извесно количество на олово.

Синтетичката пластика која се користи како основа за да се направи елката – ПВЦ (поливинил хлорид), според лекарите од ланецот клиники American Family Care, испушта испарливи органски соединенија кои може да предизвикаат иритација на слузокожата окото, носот или белите дробови.

Според некои нивни истражувања, ПВЦ содржи и фталати- испарливи течности кои се додаваат во пластичните полимери за зголемување на нивната мобилност. Тие дури може да ја пореметат хормоналната рамнотежа во организмот, па затоа и ЕУ ја забрани употребата на фталати во правење на детски играчки. Според доктор Бруз Ланпеар од Универзитетот Сајмон Фрејз, постојат повеќе типови фталати, а некои од нив го имитираат делувањето на женскиор хормон естроген.

Производите од синтетичка пластика, вклучувајќи ја и новогодишната елка, испуштаат помалку штетни хемикалии откако ќе се изнесат надвор, на свеж воздух.

Колку подолго се проветрува вашата елка на свеж воздух, толку подобро, советуваат лекарите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.