Вие ги нарекувате самохрани мајки. Јас ги нарекувам тивки борци

100

Љубовта не се храни сама со себе

И не постои само за да се зборува за неа со бројки или време. Препознавам кондиционал и идно време. Поточно, сите времиња. Но, користам само едно време. Сегашно време. Ова што е СЕГА. ГО ЉУБАМ.

Ги познавам и нив. Жените. Тивките борци. Тие можат да го сведат животот на броеви и на време. Тие можат да им се препуштат на пресметките, наоѓање на нешто што им припаѓа како по правило.

Безбедност, љубов, топол дом, пари? Што им е најпотребно на самохраните мајки?

Една таква ја следам веќе долго време. Поточно, ние се следиме една со друга. Ќе заталкаме во друг свет. Таа пристигнува во мојот кога ќе стаса, јас во нејзиниот кога ќе ми затреба. Лекција. За борбата. И се поддржуваме една со друга. Разговараме. Не секогаш на кафе, бидејќи таа нема време за тоа, затоа го користиме фејсот. Таа ми вели дека сака да чита, но не стигнува. Јас ѝ велам дека сакам деца. Но, сѐ уште ги немам. Се согласивме дека би било добро да седиме една до друга. Таа малку да се одмори, а јас да ѝ читам на нејзината принцеза. Веќе четири години поминаа. Сфативме, читајќи си една на друга линии на животот како двете наскоро, во некое друго време што доаѓа, да уживаме во она што го немаме. Таа во книгите, јас во децата.

Таа ми ги отвори своите линии на животот. Всушност, била доволна едната – линија на љубовта, која ја покрива целата дланка.

СК (34)

  • Јас сум самохрана мајка. Разведена жена. Тоа сум, ете тоа сум во нивните очи. Имам една љубов. Поранешната. Заборавена. Од таа љубов едно дете. Неа. Имам изнајмен стан и два кредити. За стан. Денес неговиот, некогаш нашиот заеднички. И еден мој. Додава, грешка од младоста. Јас имам и работа. Која ми ги плаќа сметките. Не е сигурна, но кажете ми, што е денес воопшто сигурно?

Продолжува на страна 2