Кажи ми, дали имаш љубов?, ја прашувам.
- Ќе имав ако … Но … Посакувам да сум …
Ајде, кажи ми во сегашно време, те молам.
- Денес? Немам. Тешко е да се пронајде маж кој (освен тебе) ќе го прифати и твоето дете. Кој ќе разбере дека не си (секогаш) со својот избор тоа што си. И дека неможеш секогаш да бидеш на располагање. Слободна. Средена. Тука, за него. Мажите сакаат едноставни жени. Претпоставувам дека тоа го знаеш. Самохраните мајки и да сакаат не можат да бидат едноставни. Затоа што мора да бидат и татко и мајка. И најдобар пријател. Знаеш сѐ … Затоа не барам љубов. Не за себеси да си олеснам, туку ним.
И никогаш не си се обидела?, продолжувам.
- Сум. Кога ќе запознаеш некој, не е нормално (барем не за мене) веднаш во првата минута на запознавање да кажеш: „Чекај, еј чекај, јас имам едно дете”. Дали ќе зборуваме понатаму или …? Овозможуваш нештата самите да се развиваат. А како се развиваат сфаќаш дека не си ги отворил сите карти, односно картата која можеби е онаа најважната. И тоа те јаде. Од внатре.
Тогаш?
- И тогаш ќе откриеш. Да. Некои бегаат. Претежно бегаат. Јас го почитувам тоа. Подобро е така, конечно, најискрено. Некои остануваат, но на крајот ќе сфатат дека тоа за нив е “премногу …
Дали сѐ уште веруваш во вистинска љубов?
- Драга моја, само во неа и имам доверба. И во мојата мала принцеза.
“Самохрани мајки. Тивки борци. Велат дека се најсилни оние жени кои на грб го носат крстот поголем од нив самите. Си помислив, што е тогаш со оние жени кои не го носат својот крст на грбот, туку во стомакот, под срцето? Која е нивната сила? Ако ме прашувате мене огромна. Таква е силата и клетвата и светоста.”
За љубов не постои друг пат од сегашниот. Сакам. И без бучава, чекање и читање меѓу редовите. Доволно е што се сретнав со една жена која сака во сегашно време. А можела да зборува во перфект: ” Би можела да сакам да остане. Ако знаеше да остане … ”
Доволна ми е таа. За сите други жени кои следеа. А ги имаше. И уште ги има.
Продолжува на страна 3


















