Петта самостојна изложба на Snegana Melnyk

3715

Петта самостојна изложба на Snegana Melnyk на 15 декември во салонот на ДЛУБ во Битола.

“Прозорец на Душата, Една обична и Најчиста насмевка значи и воедно Бакнеж на Две Души ? Нај романтичната идеја спротивставена на обичното лудило Скок во непознат / примамлив Вонземски свет.

Емотивен излив / Радосна нота – Немирен танц кој не води високо во Далечините и длабоко во Нас. Немирен танц / Лет исполнет со радост – Лет со измешана Илузија и Стварност, Немирни Сенки на песокот ..

Снежана Мељник е родена во Украина, студирала дизајн и менаџмент. Од 2013 живее со семеjство во Скопjе, Македонија, каде стекна стаж во атељеа на истакнати македонски уметници.

Од 2016 работи како независен уметник, учествува на македонски и меѓународни ликовни колонии, и ги изложува своите дела во јавни и приватни галерии. Нејзината прва самостојна изложба во Скопjе Арт Кафе во 2016 беше проследена од уште две самостојни изложби во 2017, во Велес (поддржaна од Град Велес) и Кавадарци (поддржана од Министерство за Култура на Република Македонија).

Во истиот период таа создаде циклус на женски портрети посветени на Денот на независноста на Украина, кој беше изложен на прием организиран од Амбасадата на Украина во Македонија и потоа во Скопjе Сити Мол.

Нејзините слики се дел од приватни колекции во Албаниjа, Германиjа, Кипар, Македонија, Турција и Украина.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување