Добро познат експерт за рано поттикнување на детстката интелигенција објаснува со кои чести грешки родителите можат негативно да влијаат на природниот развој на интелигенцијата кај детето.
Родителите често, од најдобра намера, прават грешки кои можат многу лошо да влијаат на развојот на интелигенцијата на нивното дете.
“Интелигенцијата не е наследна, наследен е само потенцијалот кој треба да се активира, а во таа смисла најважна е раната стимулација во првите години од животот на детето, додека најголемо влијание врз него имаат токму родителите”, истакнува д-р. Ранко Рајовиќ, автор на NTC системот за учење, кој се применува во градинките и училиштата во 14 земји во Европа.
Лекар, специјалист по интерна медицина од Србија, кој многу години се занимава со истражувањата на полето на невропсихологијата и неуроендокринологијата, член е на Меѓународниот комитет Менса за надарени деца и соработник на УНИЦЕФ, и сè повеќе е популарен експерт за раниот развој на интелигенцијата.
Ова се честите грешки на родителите кои можат негативно да влијаат на природниот развој на интелигенцијата на детето:
Розова соба
– Бебето во првите месеци гледа сè нејасно, одн. матно како да има +20 диоптер, и ги следи само силните контрасти. Наместо монотоните, розови или сини бои на интериерот, во детската соба би требало, барем во првиот период, да се стават темни завеси или тапети, кои ќе бидат контрст, порачува д-р. Рајовиќ.
Спречување игра на подот
– Додека детето ползи, со рацете се потпира на подот, а таков вид притисок врз дланката активира одредени делови на мозокот кои се важни за интелигенцијата во иднина. Некои родители брзо го подигнуваат детето од подот, не сакаат да се извалка или со рацете да внесе во устата некоја нечистотија или да стави во устата нешто што ќе најде на подот. Но, фаза на лазењето е многу кратка и ако тогаш не се случи специфична стимулација на дланката, се пропушта добра можност за развој на мозокот.
Продолжува на страна 2