Десет навики кои ве издвојуваат од масата жени

739

Секоја жена не се однесува како дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштво и основното воспитание кое го носи од дома.
Следниве работи ја издвојуваат дамата од масата жени:

1. Вистинската дама има гордо држење. Исправен грб и сигурен став е знак на достоинство.

2. Вистинските дами секогаш одговараат со „молам“, а не со „што е“. Основната култура е многу важна.

3. Вистинските дами никогаш, ама баш никогаш нема да запалат цигара на улица (или додека возат автомобили со една рака). Ако дамата воопшто и пуши, тоа е резервирано за седење и за некоја просторија.

4. Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту премногу дотерани, ниту премногу обично. Едноставно убаво изгледаат во сите прилики.

5. Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие имаат став: Конфликтите не решаваат ништо и тие не носат ништо позитивно.

Продолжува на страна 2