6.Вистинските дами никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете од вистинска дама грд или навредлив збор.Тоа е под нивното ниво.
7. Вистинските дами никогаш нема да си дозволат да бидат во друштво со некултурни личности без разлика дали се машки или женски. Таа се повлекува од таквите луѓе, бидејќи не го поддржува нивното однесување.
8. Вистинската дама секогаш е чиста, со чиста коса и облека и убаво мириса. Не претерано, но секогаш мириса. Секогаш на себе има пристоен парфем и со стил.
9. Вистинските дами немаат тетоважи на видливи делови од телото. Тоа за нив е интимна работа.
10. Вистинската дама нема ставено на себе многу шминка и не носи многу накит. Дискретна шминка и суптилни обекти, елегантен прстен и ланче. Таа оддава впечаток на нежна и грациозна жена.
Вистинската дама се почитува себе си, не моли за љубов и не трпи понижување од мажите. Таа е среќна и задоволна и кога е сама и кога е со партнер.


















