Му забранувате на детето да скока на креветот
Невроните кои не работат умираат, а токму невроните природно ги охрабруваат децата да скокаат. Секој скок го поместува тежиштето на телото на лево или десно, па потоа мора да ги активираат сите мускули да ја одржат рамнотежата додека да се вратат на нозе, а управување со таа активност е активност на мозокот.
“Наместо да му забраните на детето да скока, внимавајте на безбедноста. А ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелигенцијата на детето, родете му брат или сестра, затоа што едно дете ќе скока пет минути, а двете деца ќе скокаат пет часа”, порачува д-р. Ранко Рајовиќ, кој напоменува дека слично како скокањето, функционира и ротацијата околу својата оска, после кое понекогаш децата и паѓаат.
Возење во количка наместо одење
– Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес ги возат своите деца во колички до четвртата или петтата година. Покрај влијанието врз когнитивниот развој, долгото туркање на децата во колички доведува до појава на рамни стапала, кој денес ги има околу 70 отсто повеќе од децата. Секако, децата би требало да одат колку што е можно повеќе, а идеално е, кога за тоа постојат услови, да одат боси.
Предолго блендирање на храната
– Со џвакање детето започнува од шестиот месец, а до 18 месеци, секое би требало да премине од каша на цврста храна. Важно е да џвака, неговата храна да не се миксира и да не се ситни на парчиња, бидејќи џвакањето, според д-р. Ранко Рајовиќ, испраќа импулси до кората на мозокот – кортексот, ги чисти забите, го активира јазикот, па и говорот понатаму подобро ќе се развива, а важно е и за имунитет.
– Меѓутоа, дури и ако имало грешки или пропусти во првите години, напоменува д-р. Ранко Рајовиќ, родителите сè уште можат низ различни вежби и игри да го стимулираат развојот на интелигенцијата кај своите деца од предучилишна или училиштна возраст.
СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ


















