Научниците откриле совршено сочуван фосил на морско чудовиште

992
Pliosaur. Малите дупки би можеле да бидат дел од сетилниот систем на животното

Черепот ќе биде претставен на јавноста во специјално шоу на David Attenborough.

Фосилизираниот череп на џиновско морско чудовиште е ископан од карпите на Dorset, на т.н. Jurassic Coast, јавува BBC во неделата.

Тоа е черепот на pliosaur, жесток морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години.

Фосилот долг 2 метри, еден од најкомплетните примероци од неговиот вид досега откриени, дава нови информации за овој древен предатор.

Черепот ќе биде претставен на јавноста во специјално шоу на David Attenborough на BBC One на Нова Година.

Steve Etches му ја покажува устата на Sir David Attenborough – првото парче што е пронајдено

Локалниот палеонтолог Steve Etches рече дека таков примерок не постои никаде на друго место.

Steve Etches го има черепот. Сега го сака остатокот од телото на животното

Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Уникатен е по тоа што е комплетен… Ги има сите коски, изјави тој за BBC News.