Русите тргнаа во освојување на Месечината | Видео (Решени се да успеат во она што другите се обидуваат да го направат со години)

544

Русија се натпреварува со Индија, Кина и САД.

Русија вчера го лансира своето прво вселенско летало за слетување на Месечината по 47 години, во обид да биде првата сила што ќе изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи џебови со воден мраз.

Ракетата „Сојуз 2.1v“ што го носи вселенското летало „Луна-25“ е лансирана од космодромот „Восточни“ на 5.550 километри источно од Москва вчера во 2:11 часот по московско време. Лендерот треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција.

Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, се натпреварува со Индија, која минатиот месец го испрати својот лунарен лендер Чандрајаан-3, и со САД и Кина, земји со напредни програми за истражување на Месечината.

Со векови, астрономите се прашувале за водата на Месечината, природниот сателит на Земјата, која е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на NASA во 2018 година покажале воден мраз во засенчените делови на Месечината, а во 2020 година NASA го потврди постоењето на вода во областите осветлени од сонцето.