Животот започнува тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите

15500

Животот започнува тогаш кога ќе престанеш да им се прилагодуваш на другите, па, не си угодуваш секогаш ниту себе си

Во почетокот мислиш дека тоа нешто ќе ти донесе, со текот на времето и се навикнуваш на тоа, но на крајот сфаќаш дека со тоа само се губиш себе. Го губиш своето “јас” за да задоволиш илјадници други кои никогаш нема да ти се отворат, кои никогаш нема да направат за тебе она што ти би направил за нив.

Кога ќе влезеш во тој маѓепсан круг, на крајот сфаќаш дека си врзан за размислувањето на другите, згора на тоа, зависиш од него.

Животот започнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите. Во почетокот мислиш дека луѓето се грижат за тебе, но со текот на времето, тие луѓе со своето однесување покажуваат колку навистина им е грижа за тебе.

Ти си ги губиш своите соништа, бидејќи мора да се прилагодуваш на нивните соништа, ги губиш своите изворни чувства, затоа што не смееш да ги повредиш нивните, го губиш така својот став, затоа што не можеш да се спротивставиш на нивниот, а потоа на крајот се прашуваш зошто си незадоволен и несреќен.

Продолжува на страна 2