Јагодите содржат големо количество Ц витамин

1295

Освен што е хранлива, ова ниско калорично овошје има и лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот.

Дали поради нивната примамлива црвена боја, вкус или мирис, ретко кој може да одолее на јагодите.

Содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори.

Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат работењето на срцето.

Според пирамидата на правилната и урамнотежена исхрана, јагодите се високо позиционирани и се препорачуваат 2 до 3 овошни оброци дневно.

Богати се со влакна кои благотворно делуваат на пробавниот систем и со тоа се намалува можноста за настанување на карцином на дебелото црево. Воедно го намалуваат ризикот од заболување од инфаркт на миокардот и ангина пекторис.