12 Август 1981 со IBM почна ерата на компјутерите

3161

IBM, на 12 Август 1981 година, го претстави првиот персонален компјутер во историјата на компјутерската технологија, МОДЕЛ 5150.

 IBM, 12 Август 1981 година го престави првиот персонален компјутер во историјата на компјутерската технологија, МОДЕЛ 5150. Тоа беше почеток на една нова модерна ера, што е и причината во рекламните спотови да се појави момчето Чарли Чаплин.

11,3 кг беше тешка кутијата со димензија на преносна машина за чукање каде што работел Интелов 4,77 MHz процесор, марка 8088, составен од 29.000 транзистори .

RAM меморијата со базни 16 можеше  да се прошири до 256 КБ, додека ROM-от беше само 40 КБ. Корисникот можеше системот да го надополни со до два 5,25-инчни флопи-диска, користејќи флопи дискови по одделни 160 KБ мемориска евиденција,запис.

Основната цена од 1565 долари подразбираше системска кутија, тастатура и графичка (видео) картичка за поврзување на надворешен монитор или телевизор. Дополнителен принтер, монитор, два флопи диска и дополнителна меморија, адаптер за игри и голем број на апликации можеше да ја подигнат цената до скоро 6000 долари.

IBM Personal Computer 5150

Новиот персонален компјутер беше лесно пренослив и малечок. Две децении порано IBM PC чинеше околу $ 9.000.000, беа потребни големи климатизирани соби,  тим од шеесетина луѓе кои го хранат со информации и команди и го одржуваат во работа.

IBM на својот нов производ му додели префикс Персонален Компјутер,  тоа беше и нивниот прв, а пред сè и многу неизвесен влез на пазарот на микро компјутерите. Развојот  траеше само една година. Во соработка со Microsoft, дизајниран е и соодветен оперативен систем, тогаш познат како PC-DOS (Disk Operating System).

Microsoft Adventure (Мајкрософт авантура) беше првата комерцијална игра за PC платформа во историјата, специјално дизајнирана за IBM PC. IBM во само четири месеци  продадал 65.000 компјутери. На Бадник  таа година пристигнале и 100.000 претплати.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk