Отровот од најсмртоносниот пајак може да излечи еректилна дисфункција

2321

Со еректилна дисфункција во одреден дел од својот живот се соочува секое десето машко.

Во последните десет години “лекови“ како Виагра, Cialisa i Levitrа донесоа значајни подобрувања кај голем број на мажи погодени со овој проблем.

Сепак, овие лекови не делуваат кај 30% од третираните и потрагата по нови супстанции кои ќе имаат подобар ефект продолжува.

Во една неодамнешна студија, испитуван е ефектот на супстанца која се наоѓа во отровот на бразилскиот пајак (Phoneutria nigriventer) познат како “банана пајак.”

Ова е најотровниот пајак и досега усмртил голем број на луѓе. Во рок од еден час по каснувања настанува смрт ако се изостави навремена медицинска интервенција. Во обезбедување помош на жртвите, медицинскиот персонал во Бразил забележал дека отровот на пајакот предизвикува силна ерекција кај жртвите. Преживеаните изјавиле дека по угризот нивниот сексуален живот значително се подобрил.

Од смртоносниот отров е извлечена супстанца наречена PnTx2-6 и тестирана на глувци чија еректилна дисфункција е поради старост. Откриено е дека PnTx2-6 деелува многу брзо, предизвикувајќи ерекција за 15 до 20 минути.

Беше откриено дека PnTx2-6 предизвикува ослободување на азотен оксид, кој ја подобрува циркулацијата на машките гениталии и релаксирачки делува на ѕидовите од крвните садови. На ист начин делуваат и другите лекови кои се користат за лекување на импотенција.

Се очекува дека препаратот подготвен од отровот на пајакот  Phoneutria nigriventer може да покаже слични ефекти кај луѓето.

Резултатите од заедничкото истражување на бразилски и американски истражувачи е објавен на интернет од страна на весникот The Journal of Sexual Medicine, пишува  Daily Mail.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.