Миранда од “Сексот и градот” признала дека сите снимени секс сцени се вистинити | Видео

73

Синтија Никсон во интервју за “IMDB Asks”открива дека сите секс сцени се темелени на вистинска случка која претходно се случила.

Сцената со лулашката, останатите “зафати” во кревет на модерните девојки во серијата, не се имагинарни, туку нешто што на некого од нив веќе му се случило.

– Постоеше правило кое велеше дека во една епизода не смее да се појави ништо што навистина не се случило на некој од екипата или на неговите пријатели. Ако нешто му се случило на пријателот на пријателот тоа едноставно не поминуваше. Потребно беше да станува збор за вистински секс-авантури или чудни ситуации“, вели Синтија.

Синтија во јавноста се смета за една од поискрените актерки , која патем и јавно призна дека е лезбејка.

Таа во една прилика кажа дека се срами од серијата “Сексот и градот” бидејќи имало приказни темелени на материјалната љубов, а не на вистинската безусловна љубов.

Бонус видео: