Роскосмос ја визуелизира галаксијата по 4 милијарди години | Видео

81

Руската вселенска агенција “Роскосмос” покажа најверојатно што ќе се случи со Земјата по 4 милијарди години, соопшти РИА-Новости.

Тогаш се очекува нашата галаксија Млечен пат да се судри со Андромеда. Двете во моментов се наоѓаат на 2,5 милиони светлосни години, но во иднина ќе се соединат во едно.

Овој процес се смета за неизбежен поради реципрочните траектории на двете галаксии. Како резултат ќе настапат моќни гравитациони процеси кои ќе ја променат радикално положбата на ѕвездени тела.

Според астрофизичарот Рашид Сюнаев како резултат Земјата ќе “исчезне од рамнината” на новата галаксија. Земјата најверојатно ќе се приближи максимум до спојувањето помеѓу две црни дупки, како резултат на што ќе биде исфрлена надвор од обединувањето.

Видео клипот на “Роскосмос” претставува визуелизација на прогнозираното спојување меѓу Андромеда и Млечниот пат.