Како првиот секс ги дефинира идните врски

1323

Според некои начинот на кој една жена го загубила својата невиност е показател за тоа каков ќе биде во иднина нејзиниот сексуален живот и врските.

Можеби е премногу силно кажано, но не може да се негира дека има доза логика во ова тврдење. Ако губењето на невиноста се поврзува со пријатни емоции околу самиот чин, веројатно на сексот ќе се гледа како нешто убаво, пријатно, а жената ќе гледа со поголема доверба кон идните партнери.

Спротивното може да се случи, ако првиот пат е трауматичен. Научници од универзитетите во Мисисипи и Тенеси утврдиле дека начинот на губењето на невиноста може да биде решителен за целиот живот на жената.

И навистина – може да не го паметиме секој чин во животот, но првиот пат сигурно сте го запаметиле.

Сексологот Трејси Кокс раскажува приказни со кои се борела во практиката.

“Бев пијана и ме натераа”

“Бев на 13, бев пијана. Едно момче, со кое се запознав на забавата, ме натера.Тој ме притискаше, јас му реков дека не сакам, но пак бев единствената во друштвото која беше девица и сите ми се смееја “, се сеќава девојката.

Момчето ѝ рекло дека не е убава и треба да е благодарна дека тој ја побарал. “Ме натера да се чувствувам грда и глупава”, додава таа.

Таа не се сеќава на повеќе од самиот чин, бидејќи била вознемирена. По сексот момчето веднаш си отишло, им раскажало на сите на забавата што се случило, а таа се прибрала расплакана дома.

“Не направив добар избор тогаш, не правам добри избори и сега. Сега сум на 38 години и горко жалам за претходните врски. Изгледа тоа ми била судбината – да ме повредуваат и да ме напуштат “, раскажува таа. Самооценката уште е ниска и не верува на мажи.

Продолжува на страна 2