Како првиот секс ги дефинира идните врски

1748

“Невиноста ја изгубив со мажот”

Тој бил на 16, а таа на 17. Оттогаш поминале 30 години. “Бевме и двајцата без никакво искуство и немавме идеја што правиме, беше непријатно и болно”, се сеќава пациентка на Трејси. Тогаш таа дури и не знаела дека жените можат да доживеат оргазам за време на секс.

Потоа ги научиве нашите тела и сè стана поубаво со времето.

Понатаму сепак работите не оделе ко мед и масло. Во почетокот на бракот и двајцата искусиле неверства. Веројатно затоа што никој од нив немал друга врска и биле љубопитни. Но, неверствата раниле и двајцата и решиле да останат заедно и да бидат искрени еден со друг. Научиле во спалната работи кои им биле интересни и сега се целосно среќни.

“Верниците-родители ме фатија”

“Моите родители беа многу големи верници и темата за сексот беше табу. Дури не сме ни разговарале. Знаев дека тоа е нешто што се прави по свадбата. Се разбира тоа го правеше уште попривлечен за мене “, раскажува трета пациентка на Трејси.

Една вечер родителите на девојката излегле. Таа го поканила својот дечко. Била на 17. Пуштила силно музика и работите точно се случиле кога родителите влегле. Нејзиниот татко го исфрлил момчето надвор, а мајка и паднала на земјата во плач.

Ѝ објаснила на мајка си дека ништо не се случило и дека сите нејзини пријателки веќе поминале низ тоа. Мајка ѝ сепак никогаш не ѝ простила. “Дури по многу години ми беше срам дури и кога си размислував за секс”, раскажува таа.

“Мојата прва врска потоа беше 6 години подоцна, кога бев на 23 години и бев иселена од дома. Сепак не можев да се опуштам и страдав од болни вагинални грчеви кои ѝ пречеа на пенетрацијата “, се сеќава девојката.

Почнав да посетувам терапевт кој ќе ми помогне да се опуштам. Сега, на 31 година, веќе е подобро. Но, никогаш нема да сум авантуристка во кревет. Признавам дека сексот нема никогаш да е нешто што ќе го правам со задоволство.