Некои од симптомите на топлотен удар, како што се висока телесна температура, прекумерно потење и главоболка, се прилично познати, но има и други кои треба да ги знаете.
Доаѓаат топлотни бранови кој според сегашните прогнози би требало да траат најмалку цела наредна недела. Затоа е потребно да бидете внимателни и да се заштитите кога сте изложени на високи температури.
Топлотниот удар е најсериозната болест поврзана со топлото време и бара итна медицинска помош.
Некои од симптомите, како што се висока телесна температура, прекумерно потење и главоболка, се сосема познати. Сепак, постојат неколку знаци кои се малку поневообичаени и вклучуваат возбуда, раздразливост и нејасен говор.
Ваквото однесување може да значи дека лицето треба да оди на лекар што е можно поскоро.
Најчестите симптоми на топлотен удар на кои треба да обрнете внимание се:
- многу висока телесна температура (над 40°C)
- изменета ментална состојба
- конфузија
- нејасен говор
- замор
- губење на свеста
- топла, сува кожа или обилно потење
- гадење и повраќање
- напади
- брзо дишење
- забрзано чукање на срцето
- главоболка.
За да ја намалите температурата, треба да се засолните на поладно место, да ја отстраните сета непотребна облека (како чорапи), да пиете вода или пијалок за рехидратација и да ја изладите кожата со ладни облоги.
Оние над 65 години или со веќе постоечки здравствени состојби, вклучувајќи проблеми со дишењето и срцето, се најмногу изложени на ризик од топлотен удар.
За да се заштитите, пијте повеќе течности, носете светла, лесна облека и избегнувајте да бидете на сонце од 10 до 17 часот. Исто така, се советува да се избегнува прекумерно консумирање алкохол, како и екстремно вежбање.



















