Ако сакате да изгубите тежина јадете пред 15 часот

1543

Ако често го одлагате ручекот поради многу работа, тогаш не се изненадувајте штоа напорите за намалување на телесната тежина не се крунисани со голем успех.

Неодамнешно шпанско истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, открива како времето за ручек го афектира вашиот прехрамбен режим.

Во него учествувале 1200 возрасни со прекумерна тежина во различен степен.

Резултатите од истражувањето издаваат дека луѓето кои носат во себе генетска варијација на протеинот перилипин (одговорен за согорувањето на мастите од телото), слабеат помалку, ако не ручаат по 15 часот.

Иако истражувањето е фокусирано на луѓето носители на оваа специфична варијанта на протеинот, во 2013 друго истражување, пренесено во списанието International Journal of Obesity, покажува дека во целина ручекот во подоцнежен час (рано попладне) го спречува слабеењето. Причината …

Како што поспаноста зависи од деноноќниот ритам, така и чувството на глад е поврзано со него, тврди д-р Мари-Пјер Онже кој ја следи врската меѓу начинот на живот и дебелината во Центарот за здрава исхрана во Њујорк и е асистент професор на Универзитетот во Колумбија.

“Метаболизмот е индивидуален кај секој и потрошувачката на храна, ако не е во согласност со спецификите на деноноќниот ритам, може да влијае на слабеењето. Деноноќниот ритам освен тоа ја контролира секрецијата на инсулин во телото. Ако се храните, кога телото ви е помалку чувствително на инсулин, може да ви е тешко да ги разградува мастите и да ја губат телесната тежина “, убедена е дамата.

И додека истражувањето ja коментира врската помеѓу времето на ручек и слабеењето, не е откриена слична зависност меѓу оброците за појадок и вечера. Практично претходните истражувања сугерираат дека оние кои јадат најмногу обилно во часовите за ручек слабеат полесно и ефикасно и имаат понизок индекс на телесна маса.