Магданосот е вистински извор на витамин К, од каде главно доаѓа и поволното влијание на магданосот врз организмот.
10 грама од ова специфично растение не само што содржат 0% калории, туку даваат и над 150% од препорачаната дневна доза на витамин К.
Овој есенцијален витамин ги штити коските од фрактури, го заштитува црниот дроб и простатата од некои форми на рак, но најпознат е по тоа што помага за нормално згрутчување на крвта. Всушност, неговото име доаѓа од германскиот збор koagulation, што значи коагулација.



















