Ако по последниот оброк сте се нашле со чипс во рака, не се обвинувајте. Вината не е во вас, туку во несоодветната исхрана која сте ја избрале.
Всушност, за да се постигне успех и да изгубите тежина успешно, прво вие треба да сте реални и да процените каква диета би била најсоодветна за вас.
Во случај да сакате да се радувате на долгорочни резултати, вие треба да претворите дел од вашата исхрана во постојан режим на исхрана.
Затоа нема место за апсурдни ограничувања. За да се разбере подобро кога една диета е несоодветна за вас, прочитајте ги следните знаци:
Диетата ги намалува премногу калориите
Според стручњаците секоја диета која ве тера да консумирате помалку од 1200 калории на ден, е потенцијално опасна. Повеќето жени имаат потреба да прифатат меѓу 1200 и 1400 калории на ден, дури и кога слабеат. На овој начин тие ќе го избегнаст чувството на глад и исцрпеност, што во крајна линија може да ги саботира.
Диетата отстранува цела прехранбена група
Не мислете за зебри. И што – сега мислите за зебри, нели? Истото се случува кога ќе се обидуваш да се откажеш од некои храна. Не се збогувајте со цела прехранбена група, бидејќи тоа е премногу строго ограничување, кое може да биде лоша шега. Најдобро гледајте го балансот и стремете се да се храните здраво, а од време на време си дозволите дури и “поволности”.
Диетата не се вклопува во вашиот животен стил
Ако имате зафатен распоред, строгата диета ќе ве натера да се чувствувате под уште поголем притисок. А обично во овие моменти човек секогаш сака да се храни нездраво, еве зошто има голема шанса да доживеете неуспех. Треба да си одберете диета која лесно ќе ја почитувате, без разлика дали сте се одлучиле да се храните надвор со пријателите или сте дома.
Диетата бара да консумирате иста храна ден по ден
Различноста е зачин на животот. Затоа, ако вашата диета не ви дозволува да се храните со различни производи, ќе стане досадно многу брзо.
Диетата е целосно течна
Нема ништо лошо во смти за појадок, но не и во течности, наместо храна во текот на целиот ден. Дури и пијалоците да одговараат на потребниот внес на калории за денот, тие можат да го забават вашиот метаболизам и да предизвикаат дигестивни проблеми.



















