Климатски промени | Имаме само 12 ГОДИНИ да избегнеме неповратни промени на планетата

796

Во што е разликата помеѓу растот на температурата за 1,5 и 2 Целзиусови степени?
На почетокот на оваа недела, водечките светски климатолози, собрани на Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC), од јужнокорејскиот град Incheon испратиле драматична порака дека имаме само 12 години за да ја совладаме катастрофата која носи загревање поголемо од 1.5 Целзиеви степени до крајот на овој век.

Додека Паришкиот климатски договор предвидува преземање мерки, со кои загревањето треба да се одржи под 2 Целзиусеви степени, односно со зголемување од 1,5 степени, IPCC предупредува дека фамозната граница од 1.5 степени ќе ја преминеме веќе по 2030. година.

– Одлуките кои сега ги донесуваме за тоа дали ќе дозволиме раст од 1,5, 2 или повеќе степени, многу ќе го промени светот. Дури и ако го задржиме растот под 1,5 Целзиусови степени, нашиот живот со предвиденото зголемување на населението и економскиот раст, ќе изгледа поинаку отколку досега – изјави за BBC др. Heleen de Coninck, една од авторките на IPCC документот “Посебен извештај за глобалното затоплување од 1,5 Целзиусови степени”. Во создавањето на тој извештај учествувале 86 автори од 39 земји, од кои 40% жени.

Што донесува IPCC-евиот извештај?

Ограничувањето на загревањето до 1,5 Целзиусови степени би имало до сега неочекувани барања, се наведува во сижето на Извештаите за политичарите. Според Извештајот, нето емисиите на јаглерод диоксидот до 2050. година мора да достигнат нула. Ако сегашната стапка на емисиите продолжи, светот ќе достигне загревање од 1,5 степени помеѓу 2030. и 2052. година.

Според наодите од Извештаите, глобалните емисии на јаглерод диоксидот до 2030. година треба да паднат за најмалку 35 проценти во однос на нивото од 2010. Година, и да достигнат нето нула околу 2050. година. Тоа значи дека сите останати емисии треба да се избалансираат со отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата.

Зашто се спомнува граница од 1,5 Целзиусови степени?

Од 2009. година, кога во Копенхаген беше одржана неуспешна климатска конференција на ОН, меѓу научниците и политичарите владеел консензус, дека границата на загревање до крајот на 21-от век би требало да изнесува 2 Целзијева степен. Растот на температурата до 2 степена се смета за праг на толеранција на која човештвото до крајот на векот би можело да се прилагоди. Загревањето поголемо од 2 степени би можело да биде вовед во таква трансформација, и за многу луѓе на планетата да го направи животот невозможен. Но, на Климатската конференција на ООН во Париз, во декември 2015. година, водачите на Алијансата на малите островски земји, кои ги сочинуваат Малдивите, Фиџи, Бахамите, Маршаловите острови и други, под името “1,5 Stay Alive”, успеаале да се изборат во завршниот документ да се внесе формулацијата дека треба да се стремиме кон зголемување од 1,5 степени, бидејќи за нивните земји и загревањето од 2 степени е катастрофично.

Зашто разликата од 0,5 степени е толку важна?

Продолжува на страна 2