Климатски промени | Имаме само 12 ГОДИНИ да избегнеме неповратни промени на планетата

2448

И покрај тоа што на обичните луѓе не веруваат дека разликата помеѓу растот на температурата од посакуваните 1,5 степени е голема во однос на 2 степени, што е реална цел на Паришкиот климатски договор, во реалниот живот разликата е огромна.
– Робусната научна литература сега покажува дека постојат значајни разлики помеѓу 1,5 и 2 степени. Научниот консензус е навистина силен. Тоа не е само политички слоган: “1,5 Stay Alive”. Тоа е вистината – изјави за New Yorker Adelle Thomas, научник од Бахамите и една од авторите на извештајот.

Во IPCC-овиот извештај се истакнуваат бројни ефекти кои би можеле да се ограничат со пониски зголемувања на температурите. На пример, со зголемувањето на температурата помала од 1,5 степени, глобалното зголемување на нивото на морето до 2100. година, може да биде за 26 до 77 сантиметри повеќе отколку во периодот од 1986. до 2005. година. Тоа е околу 10 сантиметри помалку отколку во случај на глобалното затоплување од 2 Целзиусови степени, што значи дека бројот на луѓето изложени на поврзани ефекти, како што се пробивањето на солената вода, поплавите и оштетувањето на инфраструктурата, би бил помал за околу 10 милиони.

Корални гребени на умирање

Ограничувањето на глобалното затоплување ќе го ограничи порастот на температурата и киселоста на океаните и намалувањето на нивото на кислородот во океаните, намалувајќи го така ризикот за морска биоразноликост, рибарството и екосистемите. Меѓутоа, дури и при растење на температурата од 1,5 степени, се очекува намалување на коралните гребени за 70 до 90 проценти, а со зголемувањето од 2 Целзиусеви стапени ќе исчезнат повеќе од 99 проценти. Понатаму, научниците истакнуваат дека во случај да се зголеми температурата од 1,5 степени тешки суши ќе погодат повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот, а дека зголемување од 2 степени ќе доведе до недостаток на вода за 450 милиони луѓе. Ако се случи загревање за 2 степени, достапноста на водата за пиење на Медитеранот и Средниот исток ќе се намали за 17 проценти. Во случај на сценариото од 1,5 степени, тоа намалување би изнесувало околу 9 проценти.

– Ако го разгледате регионот, кој веќе се соочува со недостаток на вода, а и со многу голема политичка нестабилност, половина степен е навистина голема разлика, изјави за New York Times Carl-Friedrich Schleussner, еден од авторите на Извештајот.

Понатаму, зголемувањето од 1,5 Целзиусови степени ќе доведе до исчезнување на 6 проценти инсекти, 8 проценти растенија и 4 проценти од рбетниците. Растот од 2 Целзиусови ступени ќе резултира со губење на 18 проценти инсекти, 16 проценти растенија и 8 проценти од рбетниците.

Дали е можно да се одржи раст до 1,5 степени?

Веднаш по објавувањето на извештајот, многумина од климатолозите скептично констатирале дека целта од 1,5 степени е тешко остварлива.

– Ги ценам обидите на некои научници и политичари да го задржат вниманието и оптимизмот дека целта од 1,5 Целзиусови степени до крајот на 21. век и понатаму е возможна, но не гледам никаков сигнал дека тоа е реално. Емисиите на стакленички гасови се во пораст, исто така, и концентрацијата на гасовите, глобалната приземна температура продолжува со трендот на зголемување – вели д-р. Ivan Guettler, климатолог од Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ). Тој смета дека некој од мерките кои налагаат цел од 1,5 Целзиусови степени е исклучително тешко да се спроведе.

– Тоа првенствено вклучува намалување на емисиите до 45 проценти до 2030. година во однос на 2010. година и нето емисиите со износ нула во периодот околу 2050. година. Ваквите намалувања во емисиите бара огромни промени во начините на производството на енергијата и храната, вршење на индустриски и градежни активности и во транспортот. Промените треба да бидат многу брзи, бидејќи 1 Степен Целзиусов од зацртаните 1,5 степени во однос на крајот на 19-тиот век веќе го искористивме – изјави Guettler.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.