Најголемиот европски активен вулкан сѐ повеќе се “лизга” кон морето, а тоа би можело да предизвика цунами | Видео

1210

Дали нѝ се заканува катастрофа?

Постои се поголема опасност најголемиот активен вулкан во Европа да создаде свлечиште кое би се урнало во морето, но научниците сѐ уште немаат одговор на прашањето кога тоа ќе се случи.

Најголемиот активен вулкан во Европа полека се “лизга” во морето, и тоа би можело да предизвика цунами.

Научниците се загрижени дека спорите движења, кои се измерени на југоисточната страна на планината Етна, може да ескалираат и да доведат до рушење во морето.

Таквиот исход би ги загрозиле соседните заедници на Сицилија, бидејќи рушевините кои паѓаат во океанот ќе предизвикаат огромни бранови.

Научниците тврдат дека за сега единствено што можат е да внимаваат на активниот вулкан, бидејќи не е можно да се предвиди дали ова забрзување ќе се случи во наредните неколку години или децении.

Сега за сега, ова свлечиште е многу бавно, четири сантиметри во 15 месеци, но постои ризик од забрзување.

Важно е да се продолжи со следење на вулканот и да се пресмета колку силен земјотрес е потребен за неговото рушење, велат научниците.