ГЕНЕТСКА ВАРИЈАЦИЈА | Откриен генот одговорен за импотенцијата

1503

Експертите се на чекор до решението за проблемите кои ги срамат мажите – “Ние го откривме генот кој е одговорен за импотенција”

Американските научници откриле генетска варијација делумно одговорна за еректилна дисфункција, која во догледно време може да резултира со подобрување на нејзиното леквање, пишува во статијата објавена во понеделникот во списанието на Американската академија на науките (PNAS).

На огромен синџир на човечката ДНК, научниците откриле посебно место каде една генетска варијации се поврзува со еректилна дисфункција.

Кај мажите кои имаат по еден примерок од оваа варијација за 26 проценти е зголемен ризик од еректилна функција во споредба со остатокот од машката популација, а во група која има две копии ризикот е зголемен за 59 проценти, вели авторот Eric Jorgenson.

Резултатите се базираат на податоците собрани на 36.649 пациенти на калифорниската непрофитна организација Kaiser Permanente.

Продолжува на страна 2