Астроном сведочи за НЛО во Конгресот | Не велам дека е невозможно вонземјани да ја посетиле Земјата, но каде се доказите ?

1769

Општеството не треба (и генерално не) да ги прифаќа научните „откритија“ без никакви докази, истакнува астрономот.

Се сеќавате ли на дебатата во американскиот Конгрес за вонземјаните и целата програма за НЛО во САД? Некои изјави на високи функционери ги пополнија насловите на медиумите, но се чини дека нивните сведоштва се полни со нелогичности и дупки. Барем ако му се верува на постариот астроном Seth Shostak од Институтот SETI.

Во едиторијалот објавен на веб-страницата на MSNBC, Shostak истакна дека тврдењата на воено-разузнавачкиот свиркач David Grusch дека Pentagon собира соборени вселенски летала и тела се смели – но без докази.

Тоа е навистина извонредно тврдење, кое бара вонредни докази. Но, каде се доказите?, пишува Shostak и додава дека, доколку постојат такви докази, научниците би се тепале меѓу себе да ги проучат.

Ниту Grusch, ниту кој било друг што тврди дека знаел за тајните програми на владата за UAP, никогаш не можел јавно да произведе убедливи фотографии на кои се прикажуваат вонземјански остатоци расфрлани низ пејзажот. И запомнете, не зборуваме за цесна што ора во поле со пченица. Станува збор, веројатно, за вонземска меѓуѕвездена ракета, способна да прелета милијарди километри низ вселената и технологија која е очигледно туѓа, додава Shostak

Тој истакнува дека многумина тврделе дека американската влада го крие постоењето на вонземска технологија, но никогаш не можеле да дадат конкретни докази за тоа. Што, додава Shostak, е сосема неверојатно со оглед на количеството сателити кои орбитираат околу Земјата.

Вистински вонземјански брод во нашиот воздушен простор поголем од канцелариско биро веројатно ќе биде видлив за сателитите кои – меѓу другото – доставуваат слики на Google Earth, истакнува Shostak, додавајќи дека, хипотетички, може да има огромен заговор кој вклучува бришење на такви фотографии. И американското население би го прифатило затоа што спремно прифаќа такви објаснувања, уште од Roswell во 1947 година.

Потсетува на истражување од 2021 година, кога дури 40 отсто од Американците изјавиле дека веруваат дека Земјата била посетена од вонземјани.

Дури и најконзервативниот научник не може ригорозно да тврди дека е невозможно вонземјани да ја посетат Земјата. Тешко, да. Невозможно, не, пишува Shostak, но и додава дека тоа е далеку од тврдењето дека тие навистина биле на Земјата.

Општеството не треба (и генерално не) да ги прифаќа научните „откритија“ без никакви докази, додава Shostak.

Тој, исто така, прашува која е целта на криењето на вонземската технологија и исклучувањето на научната заедница?

Информациите, технологијата и – уште поважно – потенцијалот за збогатување овде изгледаат неодоливо, коментира Shostak.

Тој на крајот поставува интересно прашање – зошто се чини дека вонземјаните секогаш ги посетуваат САД, а не некоја друга земја која би била поотворена со информации за нивната посета?

Овде делува некаква национална ароганција: ако на Земјата доаѓаат вонземски суштества, ќе не посетат!, се пошегува Shostak.

Дали пристигнале вонземјаните?

Од гледна точка на науката, сè уште нема добри докази за ова, само „аргумент од авторитет“. David Grusch вели дека тие се тука. Но, или не може да докаже, или не сака. Додека не го стори тоа, треба да ги сметаме неговите приказни токму со тоа: со приказни, заклучува Shostak.