Еве зошто е добро да имате две мачки дома

2406

Многу луѓе можеби мислат дека кога ќе посвојат две маченца, тоа едноставно би значело многу повеќе работа отколку кога ќе посвојат едно.

Всушност посвојувањето две мачиња има повеќе добри, отколку лоши страни.

Ќе се формира цврста врска

Мачињата не се зближуваат само со своите мајки и газди, тие исто така формираат цврсти врски со други мачиња. Ако се обидете да разделите две маченца кои растеле заедно, целата ситуација може да доведе до стрес и анксиозност. Многу често мачињата кои се даваат на подарок одат како дует, а тоа е така затоа што нивното здравје и среќа зависат од нивната поврзаност.

Никогаш нема да бидат осамени

Општото мислење дека мачките се осамени суштества не се однесува на сите. Секако дека вие не би сакале вашето милениче да се чувствува осамено. Осаменоста може да доведе до деструктивни акции.

Вежби

Можеби мислите дека ако посвоите две маченца, тоа би било премногу напорно. Напротив, ќе си олесните ако посвоите две. Едно маче би го барало својот сопственик за своите потреби за забава и вежби. Но, ако постои “другарче” тие заедно ќе си играат и ќе се забавуваат.

Одржување

Ако имате две маченца, ќе забележите дека меѓусебно се “бaњаат”, особено на местата кои што не можат да ги достигнат како на пример главата.

Време за галкање

Има ли нешто послатко од две мачиња кои се гушкаат? Земајќи го во предвид фактот дека мачките спијат околу 15 часа на ден, би им годело да имаат бушаво и топло пријателче со кого би спиеле заедно.