Има само 1% од овие луѓе во целиот свет

1962

Според Карл Јунг, типот на луѓе кои имаат уникатни комбинации на одлики – затвореност, чувствителност и праведност, се само 1% од населението.

Овие луѓе по природа се смирени и сигурни во своите верувања, а имаат и карактеристика дека секогаш се подготвени да им помагаат на другите луѓе.

Овој уникатен тип на личност е обележан со кратенката INFJ, а откриен е со тестот Myers Bridges создаден од познатиот психијатар Карл Јунг.

Денеска со овој тест се оценува психолошкиот профил на една личност и неговото созревање. Со неговите четири скали, можеме, на пример, да разбереме како гледаме на светот, како го согледуваме она што нè опкружува и како се однесуваме едни со други.

Таа се заснова на 8 типа на екстравертна личност и 8 интровертни типови на личности, а INFJ е најневообичаен од сите.

Ова се главните карактеристики на таквите луѓе

Фокусирани се да им помагааат на другите

Овие луѓе имаат идеалистички пристап и силно чувство на добро и зло. Една од нивните најексплицитни цели е да им помагаат на другите, но не се ограничуваат на „спасување“ на луѓето од тешки ситуации, туку и ги инспирираат, им помагаат во само-подобрување и развој. Се дружат многу лесно и се одлични во меѓучовечките односи.

Сепак, тие многу водат сметака за времето поминато во интеракција со другите. За да ја обноват својата енергија, им треба доза на личен простор и осаменост.

Тие знаат како да сонуваат

INFJ се немилосрдни сонувачи. Сепак, нивните соништа не спаѓаат во категоријата чудесни и невозможни, како обичните пасивни сонувачи, чиј идеализам е толку лесен и кревок, што дури и силен налет на ветер може да го однесе. Сосема спротивното.

Тие сонуваат конструктивно и наменски, често реализирајќи ги своите соништа.

Во работната средина, овие луѓе секогаш покажуваат независност, ориентација на целта, висока креативност и многу интуиција. Тие исто така често се интересираат за уметност и наука.

Нивниот ентузијазам и идеализам може да биде исцрпувачки

Луѓето со ваков тип на личност имаат само еден вистински проблем: Општество. Во денешниот свет, полн со неправда, затворени врати и sидови што сите мора постојано да ги надминуваме, не е тешко да се разочараме од сопствените напори. Затоа, честопати се случува луѓето од овој тип да се откажат и да престанат да се борат некое време – едноставно затоа што им е крајно исцрпувачко физички и емоционално.

„Секоја личност мора сам да одлучи што треба да следи – светлината на креативниот алтруизам или темнината на деструктивниот егоизам“, рекол Мартин Лутер Кинг.

Овие луѓе, кои не сочинуваат повеќе од 1% од вкупното население на Земјата, носат светлина во темнината околу нас. Тоа се луѓе со јасни идеи, сонувачи кои имаат цел и идеалисти кои навистина сакаат да ги направат луѓето околу себе барем малку подобри.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.