‘Рчење – Еве како да го надминете

2906

Долго време беше сметано за малку поголема непријатност, но денес за ’рчењето се тврди дека е нешто што не треба да се игнорира – на задоволство на нивните фрустрирани партнери. Лекарите, со нивниот речник ќе ви кажат дека ’рчењето е знак дека нешто сепак не е во ред.

Кога ’рчите, трошите премногу енергија за да дишете. Всушност ‘рчењето ви кажува дека нешто се случува, но не ви кажува што.

’Рчењето се случува тогаш кога дишнита патишта на тој што спие се стеснети, така што воздухот што поминува низ нив, го дразни мекото ткиво на грлото, поради кое тоа вибрира. Во принцип, ’рчењето не е нормално. Посетете го вашиот доктор за да ја дознаете причинита за ’рчењето со цел да си обезбедите најдобро лекување, наместо да се обидувате да се лекувате на своја рака. Најпрво треба да проверите да не имате нарушување на дишењето при спиење или т.н. опструктивна ноќна апнеа.

При ноќната апнеа, се случува тие што ’рчат да престанат да дишат. Во испитувањата, кај некои случаи е забележано дека тоа може да се повтори и до стопати во една вечер. Важно е да се добие точна дијагноза, бидејќи ноќната апнеа индицира на други здравствени проблеми. Апнеата го зголемува ризикот од срцев удар, депресија и дијабетес.

Други причини за ноќната апнеа можат да бидат алергиите или затнатиот нос, но за нив постојат многу третмани кои можат да ја подобрат состојбата.

Многу од луѓето коишто ’рчат, како и нивните партнери, можат да си ја олеснат несоницата и со некои домашни трикови.

Погледнете ги овие опции кои може да функционираат – и кои нема да ви одземат многу време или пари.

Продолжува на страна 2