Медитеранските тајни за слабеење

1295

Кога станува збор за губење на тежината, најдобар начин да се постигне оваа цел, е да го промените начинот на живот и најмногу начинот на исхрана. Тоа е многу подобро отколку да се измачувате, следејќи различни рестриктивни диети.

Доктор Бари Сирс препорачува да следите дел од медитеранските навики во исхраната, па цитираше студија која ја покажува силата на овој режим на исхрана. “Една неодамнешна студија покажа дека медитеранската исхрана го запира метаболниот синдром, кој е претходник на дијабетесот”, вели Sears.

Освен тоа медитеранскиот начин на исхрана влијае врз воспаленијата и некои важни хормони, што ја прави задачата за намалување на телесната тежина многу полесно остварлива. Ако вие самите сакате да ги искористите предностите на правилата на јадење по Медитеранот, следете неколку едноставни совети:

1. Барајте ги полифенолите. Полифенолите се хемикалии кои ја даваат бојата на овошјето и зеленчукот и кои имаат неверојатен ефект врз телото. Тие се моќни антиоксиданси и помагаат за забавувањето на процесот на стареење и доведуваат до губење на тежината.”Многу луѓе набавуваат полифеноли преку кафето, но тоа не е најдобар извор”, смета Sears. Најдобро е акцентирање на зеленчукот и овошјето.

2. Направете го маслиновото масло својот најдобар пријател. Освен што во екстра девственото маслиново масло се содржат полифеноли, за кои веќе стана збор, тоа може да му ги даде на вашиот организам и така корисните омега-6 масни киселини. Овие незаситени масни киселини можат да го намалат воспалението во телото, а како што знаете тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина. Затоа е важно воспаленијата во телото да се намалат – ова ќе ви помогне да почнете да слабеете побрзо.

Продолжува на страна 2