Нови откритија за Паркинсоновата болест | Болеста не започнува во мозокот, туку во цревата

293

Ново истражување открива дека науката можеби била целосно на погрешен пат во однос на прининителот и појавата на Паркинсоновата болест.

Наместо да го изолира причинителот на болеста во мозокот, податоците од истражувањето на глувци покажува дека болеста всушност може да почнува во внатрешните органи, а особено цревата, пишува Science Alert.

И може да се објасни некои чудни совпаѓања забележани кај оние кои страдаат од Паркинсоноватата болест, како на пример, дека скоро сите болни почнаа да страдаат од … запек со децении пред да се појават другите симптоми.

Паркинсонова болест се поврзува со тремор, вкочанетост и тешкотии во движењето, кои се предизвикани од умирање на невроните длабоко во мозокот.

Вистината е дека научниците досега не ги разбираат добро причините за болеста.

“За првпат остваривме биолошка поврзаност меѓу цревните бактерии и Паркинсоновата болест”, објаснува водечкиот научник на истражувањето Саркис Мазманиан од калтех.

Истражувањето открива дека невродегенеративни болести може да имаат своето потекло во цревата и утробата, а не во мозокот, како што претходно се мислеше.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.