И премногу јадење компири, штетно е

1141

Ако сакаме компири и ги јадеме по 4-5 пати неделно, го ризикуваме здравјето. Американските научници утврдиле дека прекумерната потрошувачка на компири доведува до покачување на крвниот притисок, пишува Daily Express.

Тоа пак доведува до еден куп други опасности како мозочен удар, срцева слабост, проблеми со бубрезите, дури и деменција.

Дури и да не се пржени, туку печени, панирани или варени, ако се јадат често, опасноста да имаме проблеми со здравјето, е голема.

Експертите стигнале до овој заклучок откако направиле три студии во кои учествувале повеќе од 150 000 жени и над 36 000 мажи.

Овие луѓе не страдале од висок крвен притисок, но зголемувајќи ја потрошувачката на компири, почнале да имаат проблеми.

Научниците објаснуваат дека е подобро да ги замениме порциите со компири со зеленчук, кој не содржи скроб.