‘Рчење – Еве како да го надминете

2906

Ослабете

Прекумерната тежина може да додаде ново ткиво на вратот коешто ги притиска и ги стеснува дишните патишта, што пак води до вибрациите кои го предизвикуваат ’рчењето. Луѓето се опуштаат одвреме-навреме и си качуваат неколку килограми годишно, со што создаваат одлична можност за развој на ноќната апнеа. Токму затоа ако забележеле дека започнале со нова ноќна „активност“ откако се здебелиле, токму слебеењето може да помогне да се олесни ’рчењето. Се разбира, губењето на вишокот килограми носи и бројни дополнителни бенефиции!

Спијте настрана

Ништо не прави поголем притисок на грлото како лежењето на грб. Токму превртувањето настрана може во голема мера да го стиши ’рчењето. Луѓето што ’рчат спиејќи на грб најверојатно се навикнати да бидат удирани од нивните партнери. За да се заштитите од тие модринки, експертите предлагаат еден трик кој можете да го направите дома: зашијте тениско топче на задниот дел на некоја стара маица и спијте во неа. Лежењето на грб ќе биде неудобно па нема ни да се осмелите да спиете на грб.

Спијте со навлажнувач за воздух

Ако ’рчењето е предизвикано од затнување на носот или од алергии, тие се уште полоши кога воздухот е сув. Спиењето со навлажнувач на воздухот може да помогне и сигурно нема да штети. Сепак, и да има вистина во овие домашни лекови, најверојатно тоа не е сè. Да се верува дека ’рчењето може да се излечи со вклучување на навлажнувач само може да ја намали сериозноста која оваа состојба вистински ја има. Најдобро е да одите на преглед.

Продолжува на страна 3